Реклама

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Регионална конференција за фемицид: секоја година повеќе од 50.000 жени и девојки се свирепо убиени

Македонските институции стануваат сѐ поотворени за граѓаните

Сиљановска-Давкова: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на ЕУ објавува Журнал.мк

„Политико“: Нови патокази за членство за Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина

Стопанската комора со иницијатива регионот здружено да ги надмине бариерите за бизнис со ЕУ

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Прилози

Трет ден по трагедијата во Кран-Монтана, нови детали и сведоштва за пожарот

Нови детали и сведоштва за трагедијата во Кран-Монтана. Локалот наречен „барот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови детали и сведоштва за трагедијата во Кран-Монтана. Локалот наречен „барот на смртта“ имал повеќе од еден излез за евакуација, но жртвите биле во паника, но неможеле да ги најдат и се обиделе да излезат низ главниот влез, тврди првиот човек на швајцарскиот кантон Стефан Ганцер. Полицискиот комесар на кантонот Вале, Фредерик Гислер соопшти дека од вкупно 119 повредени лица во пожарот во Кран-Монтана, досега се идентификувани 113.

„Во однос на 119-те повредени лица, и врз основа на елементите што ги собравме-113 се формално идентификувани. Од нив-71 се швајцарски државјани, 14 француски, 11 Италијанци, четворица Срби, еден Босанец, еден Белгиец, еден од Луксембург, еден Полјак и еден Португалец. Во тек е и идентификацијата на 40-те жртви, тоа останува наш приоритет. Имаме потребни ресурси за ова и можеме да се потпреме на поддршката од бројни специјалисти од различни кантонални полициски сили во Швајцарија, на кои им се заблагодарувам“ вели Фредерик Гислер, полициски комесар на кантонот Вале

По пожарот во барот „Ле Констелејшн“ се огласи и сопственикот Жак Морети. Тој во интервју изјавил дека заедно со неговата сопруга се чуствувале многу лошо и потврди дека соработува со истражителите. Морети потенцирал дека барот поминал три инспекции во последните 10 години и дека се било во согласност со прописите.

Реклама

„Ќе направиме сè што е во наша моќ да помогнеме да се расветли причината за пожарот. Правиме сè што можеме. Вклучени се и нашите адвокати“ вели Жак Морети, сопствник на „Ле Консталејшн“

Швајцарските власти заедно со полицијата работат на откривање на причината што го предизикала пожарот. Според првичните информации тие се сомневаат дека пожарот е предизвикан од роденденски прскалки поставени на шишиња со шампањ. Во меѓувреме, знамињата се на пола копје. Швајцарија прогласи денови на жалост, а претседателот на државата Ги Пармелен, несреќата ја опиша како една од најтешките трагедии што некогаш и се случиле на земјата.

Давид Крстевски