Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Со линеарното зголемување на пензиите се намалува и стапката на сиромаштија, пред тоа од 330.000 пензионери 150.000 земаа пензии во износ од 10 до 12 илјади денари

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со линеарното зголемување на пензиите, не само што се намалува јазот, односно се зголемува правилната распределба на приходите, туку се намалува и стапката на сиромаштија, бидејќи пензионерите се најсиромашната група граѓани, вели премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека со интервенцијата започната од ноември 2024 година, заклучно со април 2026 година ќе имаме линеарно зголемување на пензиите за седум илјади денари и нема да има пензија под 15 илјади денари.

Цениме, рече Мицоски, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на нова детска градинка во Кочани, дека со ова уште повеќе ќе влијаеме позитивно во намалување на стапката на сиромаштија.

Не треба, нагласи премиерот, да заборавиме уште еден параметар, а тоа дека 150 илјади пензионери пред да почне ова линеарно зголемување имаа пензии кои беа околу 10 до 12 илјади денари.

Реклама

-Од вкупно 330 илјади пензионери, 150 илјади беа во таа група. Што значи дека сега тие веќе со овие 7 илјади денари линеарно зголемување немаат пензија под 15 илјади денари, туку сите се движат од 17 до 19 илјади денари. И како влада ќе продолжиме во таа насока, истакна Мицкоски.

Прашан дали Уставниот суд би можел да го спречи линеарното зголемување на пензиите, Мицкоски, рече дека не би ги коментирал одлуките на Уставниот суд, затоа што, како што наведе „воведовме таква пракса и тоа е правилното – да не се коментираат одлуките на Уставниот суд“.

– Јас само можам да ги коментирам податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, односно социјалните показатели и параметри. Таму се анализирани два суштински, кои се битни за граѓаните. Едниот е стапката на сиромаштија, другиот е токму оној Џини-коефициент, односно правилната или неправилната распределба на доходите за која зборувавте. Точно е дека како држава сме лидери во регионот и сме над европскиот просек. А што се однесува до стапката на сиромаштија, во 2024 година таа е помала – 21,9%, споредено со 22,2% во 2023 година, а ако се спореди со 2021 година, тогаш беше 23%, појасни Мицкоски.