Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

Инвестиции во здравството – Клиниката за гинекологија доби нова современа опрема

Продолжуваат инвестициите во јавното здравство. Вкупно околу 110 милиони денари се вложени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Продолжуваат инвестициите во јавното здравство. Вкупно околу 110 милиони денари се вложени во Клиниката за гинекологија и акушерство. Во реновирањето вложени се 35 милиони денари, а дополнителни 75 милиони денари се издвоени за медицинска опрема.Според претседателот на Владата целта е да се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал, како и унапредување на здравствените услуги. Мицкоски упати директна порака до младите, охрабрувајќи  ги да се реазлираат како родители.

“Мислам дека за бадијала ние правиме и училишта, градинки, игралишта, улици, ако нема кој тоа да го користи. Затоа мојата порака до малдите е дека љубовта кон татковината се манифестира со тоа што, тоа е лична одлука, но одлучуваме да создадеме семејство и да се реализираме како родители. Нашата цел е да го јакнеме јавното здравство, нашата политика е про-лајф политика. Да испратам една порака до младите, да одлучат да се реализираат како родители, да се раѓаат што е можно повеќе бебиња”, изјави претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Министерот за здравство потенцираше дека овие инвестиции во здравството, ќе ја зголемат довербата на пациентите но и здравствените работници.

Реклама

Новата опрема на ГАК опфаќа апарати за напредна ултразвучна дијагностика, современи системи за следење на бременоста  како и опрема за минимално инвазивни интервбенции.Реновирани се повеќе болнички оддели и дијагностички простории“.

Од Владата најавија дека инвестициите во здравствениот систем продолжуваат и во наредниот период, со цел модерно, достапно и квалитетно здравство за сите граѓани.Предвидено е со британскиот договор да се реалзиираат крупни проекти, изградба на нови болници, реконструкции на здравствени установи но и нова зграда на Медицински факултет со нов студентски дом. Премиерот и министерот за здравство најавија дека најави дека ќе има пари и за нов Клинички центар.