Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

СДСМ тешко прифаќа критика: Ќе го исклучуваат од партијата Јован Деспотовски, бидејќи зборел во медиуми

Критиките по се изгледа многу тешко им паѓаат на СДСМ. Откако јавно…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Критиките по се изгледа многу тешко им паѓаат на СДСМ. Откако јавно кажа што не му се допаѓа кај актуелното партиското раководство, ќе го исклучуваат Јован Деспотовски. Од партијата велат дека согласно Статутот, се бара итно исклучување на човекот кој му беше противкандидат на Венко Филипче за партиски лидер, а таквиот предлог бил доставен до надлежните органи на партијата и Централниот одбор.  Го обвинуваат Деспотовски дека од лични и финансиски интереси, ја уривал партијата одвнатре. 

-Јован Деспотовски им се приклучи заради лични амбиции и фрустрации – продаде сè што претставува СДСМ, ги предаде сите нас, членовите на СДСМ. Како што вели народот: „ја продаде верата за вечера“.Време е да го одвоиме житото од плевелот (каколот) и да продолжиме со таа борба. Нема место меѓу нас за квислинзи, велат од СДСМ.

Покрај преку партиско соопштение, Деспотовски на удар беше и од партиската говорница. Доби обвинувања дека бил учесник во кампањата против СДСМ, заедно со еден портал.

Реклама

-Еден наш член, Јован Деспотовски, по неуспешното медиумско прво обраќање, ја продолжи кампањата против СДСМ во еден сериозен и релевантен медиум. Станува збор за поранешен функционер на СДСМ и поранешен директор на големи државни фирми, ФИТР и ТИРЗ, со големи буџети, изјави Петар Огненовиќ член на Извршниот одбор на СДСМ.

Во реакција на Фејсбук, Деспотовски вели дека после 30 години политички стаж најмалку очекувал токму неговата матична партија да го остави целосно без зборови. Пишува дека во сите јавни настапи бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно заслужиле остар став.

-Ако таа умереност сега станува закана за актуелниот партиски врв тогаш СДСМ има многу поголем проблем отколку што и мислиме. СДСМ имала и ќе има многу поголеми личности од актуелниот претседател. И, никој од нив никогаш не се ставил над партијата, над нашето семејство. Тоа не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде. Една лична порака за крај или за почеток – Венко, со една одлука не можеш, ниту ќе дозволам да избришеш 30 години работа, љубов и жртва, вели Деспотовски.

Деспотовски не е прв пример на личните пресметки од СДСМ поради критика. Претходно преку партиско соопштение критики испратија за нивниот поранешен член и градоначалник на Центар Саша Богдановиќ. Претходо и партискиот лидер Венко Филипче влезе во лична пресметка со екс првиот човек на Скопје Петре Шилегов.

Матеја Петровски