Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Гаши: Недозволиво е институцијата Народен правобранител да биде без прв човек

Клучна институција за заштита на правата на граѓаните со месеци функционира без…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клучна институција за заштита на правата на граѓаните со месеци функционира без прв човек, а политички договор за нејзино деблокирање сѐ уште нема. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оцени дека состојбата со неизборот на народен правобранител е недозволива и апелираше до пратеничките групи итно да се изнајде политичка волја за избор.

На последниот брифинг со новинарите во оваа календарска година, Гаши посочи дека процедурално Собранието го направило сѐ што е потребно, но дека проблемот е во обезбедувањето на потребното двојно мнозинство, односно Бадентеровиот принцип.

Комисијата за избори и именувања го предложи Фатон Сељами за народен правобранител. Владејачкото мнозинство располага со доволен број пратеници за избор, но не и со потребното Бадентерово мнозинство, поради што гласањето останува неизвесно.

Реклама

Во меѓувреме, вчера, вработените во Народниот правобранител алармираа дека институцијата е во сериозна финансиска и функционална блокада, откако од јули, по пензионирањето на омбудсманот Насер Зибери, Собранието сѐ уште не избра нов раководител. Тие посочија дека три месеци не се плаќа кирија, а од јануари 2026 година постои ризик да нема исплата на плати и придонеси, што може целосно да ја парализира институцијата. Вработените предупредуваат дека без избор на народен правобранител не може да се обезбеди законско функционирање и заштита на правата на граѓаните.

Гаши оцени дека од државен аспект е несериозно ваква институција да остане без раководство и најави дека ќе вложи личен напор за надминување на состојбата, а доколку не се постигне договор – да се бараат и алтернативни решенија.

Покрај изборот на народен правобранител, Гаши се осврна и на изборот на нови членови на Судскиот совет. Тој најави дека постапката ќе продолжи согласно новиот Закон за судскиот совет, кој треба да биде донесен во вторник, на 30 декември.

Во однос на измените на Кривичниот законик, претседателот на Собранието најави дека тие ќе се најдат на дневен ред во јануари и тоа во редовна постапка. Според него, станува збор за системски закон кој бара темелна и транспарентна расправа, без скратени постапки, со цел да се обезбеди поширока јавна и стручна дебата.

На брифингот беше отворено и прашањето за Анкетната комисија за случајот Кочани. Иако постапката е формално започната, Комисијата сѐ уште не е конституирана, бидејќи партиите не доставиле предлози за членови, а со тоа нема ниту избран претседател, кој согласно процедурите го предлага опозицијата. Без комплетиран состав, останува неизвесно кога Комисијата ќе започне со работа.