Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Прилози

СДСМ тешко прифаќа критика: Партијата на Филипче влезе во лични пресметки и со свои поранешни сопартијци

СДСМ влезе во лични пресметки со своите критичари. Со лични пресметки и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ влезе во лични пресметки со своите критичари. Со лични пресметки и етикетирања удрија и кон својот поранешен партиски функционер и екс градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ. Ова доаѓа откако тој реагираше на соопштението на опозициската партија, каде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски, го нарекоа „Манасије српски- првиот македонски бод.

Според Богдановиќ вавките пораки изгледаат како да ги пишува некој задоеник со усташка НДХ идеологија, наследник на врховистичка балистичка идеја, таргетирајќи еден народ и земја, која секогаш имала братски пристап кон Македонија. Критиката ги погоди социјалдемократите. Велат Богдановиќ за пари ги продал партијата и државата и бил одработувач на Александар Вучиќ во Македонија.

-Зошто Саша Богдановиќ го прави ова? Прво, затоа што е избран како Србин да ја пренесе оваа порака. Каде подобро од Србин да ги „брани“ Србите. Од кого ги брани? Кој ги напаѓа Србите? Во извештајот на Европската комисија се спомнува „српски свет“, при што токму се мисли на влијанието на Вучиќ и СНС преку нивните сателити во ВМРО Ванчовистичка и ЗНАМ а не на Србите. Еден од тие сателити е Саша Богдановиќ. Токму ова е дел од copy-paste валканата кампања на Вучиќ во Србија, која тој по налог ја пренесува и во Македонија, велат од СДСМ.

Реклама

На нападите од својата поранешна партија реагираше Богдановиќ. Вели ваквите пораки наликуваат како да се од лични профили на некои србофобни коалициони портали, кои својата политичка кариера ја градат со србофобија, а се длабоко навлезени во СДСМ. Прашува и како некој им пречел пред неколку години кога им била потребна подадена рака за да се помогне за државата.

-Очигледно некој треба да му го одземе пристапот од Фејсукуб страната и веб страната на СДСМ и на тој што ги пишува соопштенијата затоа што ако има лични фрустрации од некого не треба да ја користи партијата за свои пресметки. Моите укажувања се и лични до многу другари кои ги знам таму и истиот став го делат многу поранешни подржувачи на СДСМ. Ако сфатите сфатите ако не, запамтете дека омразата води кон самоуништување, вели Богдановиќ.

СДСМ денеска повторно влезе во лична пресметка и со Манасиевски. Нарекувајќи го модната икона на ВМРО, тој по повод новогодошните празници се почастил со неколку одела, но не знаеле од кои брендови биле.

-Во рамките на ВМРО-пакетот за најБОТ на Македонија, покрај оделата и топлиот оброк, освоил и еден подарок-ваучер. Неговиот благороден дух уште пред еден месец одлучил тој ваучер да ѝ го подари на сопругата. И тоа цели два месеца пред нејзиниот празник, Св. Валентин. Во знак на љубов, на својата сакана ѝ подари работно место во Министерството за дигитална трансформација, велат од СДСМ.

Пресметката на СДСМ со Манасиевски започна откако на прес конференција тој побара одговор дали Зоран Заев гради 40-ктница во Дубаи, на што социјалдемократите покрај новата пресметка, дадоа одговор дека Заев бил слободен човек и не бил на партиска функција.

Покрај тоа, СДСМ во лична пресметка влегоа и со новинарот Бранко Героски, кој во своето соопштение го нарекуваат „Фрљо, последната линија на одбрана на ВМРО“. Претходо и партискиот лидер Венко Филипче влезе во лична пресметка со поранешниот сопартиец и екс градоначалник на Скопје Петре Шилегов. На неговите критики и барања за оставки во СДСМ, одговори дека на сите им било јасно во каква ситуација бил и немало да се пресметуваат со него.  

Матеја Петровски