Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Пустелија наместо празнична магија – Струга остана и без украсување и без новогодишен базар

По само два дена работа, Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По само два дена работа, Агенцијата за храна и ветеринарство го затвори новогодишниот базар во Струга.Ниту една од 9-те поставени куќарки во кои се продаваше храна не биле регистрирани и не ги исполнувале хигиенските услови за работа.

 “Деветте куќарки не се регистрирани како оператори со храна во АХВ,дел од нив не се поврзани на градскиот водовод, не е извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација.Вработените лица кои доаѓаат во котакт со храна,немаат извршено здравствено санитарни прегледи”-вели Оливер Миланов-директор на Агенција за храна и ветеринарство

Корисниците на објектите имаат забрана за вршење на дејност додека не ги исполнат условите,а  ќе платат и парична казна до 3.000 евра.Градоначалникот воопшто не е загрижен.Според него, се одело како подмачкано.

Реклама

” Од наша страна како општина веќе се’ е легитимно целата документација е доставена и мислам дека се’ ќе биде во ред”– вели Меди Ќира, градоначалник на Струга

И додека никаде во Европа не постои град кој не е барем симболично украсен, во Струга нема ниту елка на плоштадот.

“Не ќе е ни прв пат ни последен пат,во Струга одбележувањето на нова година не му се посветува многу внимание одамна.Ќе дојдете Охрид на дочек на нова година?Обавезно,ако давате и вечера без пари;- Да сите одиме надвор на базари,меѓутоа кај нас во Струга оваа година, голем пропуст на новиот градоначалник;-Па не знам на што е тоа резултат но во секој случај е недозволиво за еден туристилки град како Струга да не е украсен”-велат граѓаните

Струга како да се наоѓа во Азија,Африка или на Блискиот исток оти само таму нема новогодишни декорации.

 “Целата процедура е почната од претходниот совет, изгласано на крајот на август и после тоа тендерот требеше да се објави до ноември.Јас со мојата фунција почнав на 17 ноември и првата работа што ја побарав беше за китењето на градот,но таа одлука од Советот фалеше” -вели Ресул Чолаку-директор на Ј.П. “Комунално ” Струга

Од општината се тешат оти имало и од лошо-полошо, пред 4 години градот се украсувал на 27 декември. Уверуваат дека Струга за брзо ќе блесне во новогодишен сјај со реквизитите за кои биле издвоени 2 милиони денари.