Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Економија

Божиновска смирува: Нема да има проблеми во снабдувањето со енергенси, најави амбициозна агенда

Владата утре ќе одлучува дали ќе прогласи кризна состојба на пазарот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата утре ќе одлучува дали ќе прогласи кризна состојба на пазарот со струја. Државните електрани го побараа ова со писмо до Владата поради отежнатата набавка на енергенси како последица на секојдневните блокади на грчките земјоделци. Министерката за енергетика Сања Божиновска уверува дека нема да има проблеми во снабдувањето со енергенси. Доколку РЕК Битола не може да се снабди, односно да го доведе мазутот до македонска територија, ќе се активираат државните резерви. Тие с едоволни за 47 дена. Божиновска сепак вели дека најавите се дека граничните премини со Грција – Дојран, Меџитлија и Богородица ќе бидат проодни за празниците.

„Нема да има никаква криза, за граѓаните тоа нема да значи ништо бидејќи државата има резерви на мазут. Тоа значи ако знаете дека има протести со Грците и повеќе 30 дена има неможност да се набави мазут, тоа значи дека државните резерви ќе го снабдат ЕСМ со мазут. Нема да има никакво влијание на снабдувањето. Постои мазут во државата, ако не го земат од Грција, ќе го земат од резервите“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Амбициозна агенда на енергетски план за 2026-та година. Со годишниот план за 2025-та, планирани се  инвестиции од околу 1,4 милијарди евра кои треба да стартуваат догодина. Министерката за енергетика е горда што ќе се градат енергетски капацитети со вкупна моќност од 1.265 мегавати. Заинтере4сираноста на инвеститорите за вложување во енергетски капацитети е голема и за 2026-та. Пристигнале барања за изградба на објекти со вкупно 10.950 мегавати моќност. Поради големиот број на нови инвестиции, преносниот оператор МЕПСО ќе треба интензивно да работи на зајакнување на мрежата.

Реклама

„Од овие 1.265 мегавати,  хидроцентрали се 15, фотонапонски се 812, ветерни се 426 и уште 11 се за биомаса. Во финална фаза е прегледувањето на сите документи. Првпат имаме и интегрирани и изолирани складишта. За изолирани складишта имаме 675 мегавати, а интегрирани се само 93“ – вели Сања Божиновска – министерка за енергетика.

Интензивно се работи и на изградба на интерконекторот за гас со Грција кој треба да биде готов во пролетта 2027-ма година. Се разговара и овој интерконектор да продолжи до Србија во близина на Врање. Двете држави ги прават финалните подготовки за заедничкли да побараат финансии за изградба од Светска Банка. Паралелно на ова, преносниот оператор МЕПСО ќе објави и која фирма ќе го гради далноводот до Албанија, откако претходно поради неисполнување на обврските беше раскинат договорот со босанската „Енергоинвест“. Овој проект кој поради разни причини се одложува со години е од огромно значење, бидејќи ќе го олесни преносот и тргувањето со струја од Бугарија, преку Македонија и Албанија, до Италија.