Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Петти конгрес на ДУИ – Aхмети бара Бадентер при избор на Влада и целосен ветинг со меѓународен надзор

По Али, Ахмети повторно ќе биде лидер на Демократска унија за интеграција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По Али, Ахмети повторно ќе биде лидер на Демократска унија за интеграција. Освен реизборот на вечниот лидер, на денешниот петтик конгрес на ДУИ беа назначени 120 делегати како членови на Генералниот совет на партијата. Иако се очекуваше конгресот да донесе големи промени во сржта на партијата, се чини се останува по старо, барем засега. Имињата на кадрите, требаше да донесат нови ветришта, а кружеа со денови во јавноста, остануваат само шпекулација бидејќи тие промени треба да бидат изгласани од Генералниот совет кој пак се бираше денеска. Ахмети пред повеќе од 700 делегати на партијата предложи дека ДУИ ќе бара изборот на Владата да се гласа со 2/3 мнозинство со примена на Бадентер односо да има мнозинство и од другите етнички заедници освен македонската. Лидерот на ДУИ предлага бадентерово мнозинство и во Уставниот суд, а и продолаболчување на децентрализацијата и враќање на надлежностите и парите во локалните самоуправи за намалување на сивата економија.

  • „Прво, избор на Влада со двојно мнозинство (Бадентеров извршен модел). Предлагаме секој нов состав на Владата да ја добие довербата на Собранието не само со мнозинство од пратениците, туку и со мнозинство од пратениците од немнозинските заедници. Второ, примена на Бадентеровиот принцип во Уставниот суд. Законите што се донесуваат со двојно мнозинство во Собранието (врз основа на Бадентеровиот принцип), не треба да бидат укинувани во Уставниот суд без двојно мнозинство и меѓу судиите. Предлагаме измени кои ќе овозможат одлуките што ги засегаат правата на немнозинските заедници да не се носат без меѓусебен консензус во рамките на Судот. Трето, продлабочување на децентрализацијата и локалната самоуправа. Предлагаме нова фаза на функционална и фискална децентрализација, со понатамошен пренос на надлежности во областа на образованието, здравството, локалниот развој и управувањето со јавните добра“, рече меѓу другото Ахмети.

По 20 години на власт и година ипол во опозиција, Ахмети вели дека се согласуваат на целосен ветинг и сеопфатна истрага за јавните функционери од последните 34 години, а поддржувал и мерки за борба против корупцијата и олигархијата.

  • „ДУИ го почитува и го поддржува македонскиот национален идентитет во процесот на европската интеграција, оценувајќи дека само една консолидирана држава интегрирана во ЕУ може да ги зачува и негува националните идентитети на народите кои живеат тука. ДУИ била и ќе остане гарант на европскиот курс на државата. Донесувавме тешки, но исправни одлуки, секогаш водејќи сметка за долгорочниот интерес на државата и граѓаните. Докажавме дека знаеме да водиме одговорно, со политичка зрелост и стратешка визија“, рече Ахмети.

Генералниот совет, како највисоко тело на партијата помеѓу два конгреси, треба да ги донесе кадровските промени кои се очекуваат во ДУИ по катастрофалниот пораз на локалните избори.

Реклама

Бајрам Реџепи, Еркан Арифи, Валдет Џафери и Фатон Положани се имињата кои кружат за нови потпретседатели на ДУИ.  Меѓу нив се споменуваат имиња од скопско и огранокот во Дебар, кои исто така ќе бидат дел од раководната структура на интегративците за кои поддршка дал и Ахмети.

Иако првично, медиумите споменуваа промена на 70 проценти од кадрите на ДУИ, меѓу нив Талат Џафери, Фатмир Бесими, Ејуп Рустеми, Фатмир Дехари, Теута Арифи, па дири Назим Буши и Садула Дураку кои денеска од втор ред го следеа конгресот.