Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Економија

Мицкоски: Турска и германска компанија потврдија влез во Македонија, ќе инвестираат 80 милиони евра и ќе отворат 1 000 вработувања

Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Една турска и една германска компанија потврдиле дека ќе инвестираат во Македонија, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Се работи за компании од областа на високата технологија кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра и ќе отворат околу 1 000 работни места.

Како што рече Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на „Алкалоид“, до крајот на годината се очекуваат уште најмалку три потврди за инвестиции во земјава.

Реклама

-Преговараме со многу странски компании кои ќе инвестираат во Македонија. Можам да потврдам дека веќе имаме потврда од две такви, една турска и една германска кои вкупно ќе инвестираат околу 80 милиони евра, а извозот што двете заедно ќе го прават ќе биде над 200 милиони евра. Вкупно двете компании би требало да вработат околу 1 000 лица. Двете не се во автомобилската индустрија, туку во индустрија со висока технологија што посебно не прави горди, изјави премиерот.

Според него, и следната година ќе продолжат разговорите за инвестиции на странски компаниии во земјава.

-До крајот на годината очекувам уште најмалку три потврди, со што ќе го заокружиме овој циклус, а следната година ќе продолжиме и на овој план да работиме. Да ги поддржуваме домашните компании е наш приоритет, но се разбира и компании кои доаѓаат од надвор и пројавуваат интерес да инвестираат тука се добредојдени. Фокусот ни е малку да направиме диверзификација на тоа портфолио, да не биде само автомобилската индустрија, туку и ваков тип инвестиции, во висока технологија, рече претседателот на Владата.