Реклама

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Прилози

Поговорката „рибата смрди од главата“ очигледно не важи за СДСМ за поразите виновни се сите, освен Венко Филипче

Свежи лица или добро познати стари имиња? Ова ќе биде клучната дилема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Свежи лица или добро познати стари имиња? Ова ќе биде клучната дилема која во СДСМ се провлекува уште од декември откако партијата на барање на Венко Филипче остана без целото раководство, освен лидерот. По низата изборни порази и парламентарни и локални, во јавноста остана дилема дали ќе следи вистинска промена во опозицијата или само нова политичка шминка на истата структура. Филипче, кој ја презеде партијата по поразот на парламентарните избори од поранешниот лидер Димитар Ковачевски, по дебаклот и на локалните избори, побара целосна смена на раководството, но не ја понуди и својата оставка. По историскиот избор на локалните партијата освои само шест градоначалнички места.Ваквата одлука, за познавачите, испрати порака дека одговорноста во она што требаше да важи за главна опозициска партија важи за сите, освен за лидерот. Поранешни членови и функционери во партијата ова го толкуваат како продолжување на старите партиски матрици, наместо најавеното ресетирање.

„Ова е чекор во добар правец, но не е доволен. Одговорноста сама по себе не значи многу. Добро е што ја презема на свој грб, но нè чека долг пат. Потребна е сериозна дискусија за тоа какви луѓе ни требаат и каква порака ќе гради СДСМ. Самото отворање нови поглавја не е доволно“, изјави Јован Деспотовски, поранешен функционер во СДСМ.

Поранешниот висок функционер и ексградоначалник на Центар, Саша Богдановиќ, дополнува дека низа случувања во партијата, како и аферите поврзани со релациите Македонија, Дубаи, сериозно ја нагризуваат довербата.

Реклама

„СДСМ мора отворено да ги согледа грешките од изминатите седум години и да спроведе суштинска реформа. Тоа можат да го направат само луѓе без политички багаж. Обидите тоа да се прикрие во јавноста изгледаат незгодно и дополнително ја поткопуваат довербата – и кај членството, и кај симпатизерите, и кај гласачите“, изјави Саша Богдановиќ, поранешен функционер на СДСМ.

За Филипче логично е целото раководство да си замине, но не и тој, само затоа што тој ја презел лидерската функција од неодамна. Првиот опозиционер појасни дека готов бил списокот со лица кои ќе бидат дел од новото раководство и дека тоа ќе биде избор на млади и искусни. Позицијата генерален секретар ќе ја задржи само Александар Саша Димитријевиќ, а еден од потпретседателите ќе биде ортопедот кој изгуби во трката за градоначалник на Аеродром, Александар Трајановски.

Еден од најголемите предизвици кога се прави тим е да се обезбеди комбинација на искусни луѓе, што секако ќе ги има, и на млади луѓе коишто сакаат да се развиваат, да работат во таа сфера. И тој предизвик не е само во политиката, туку насекаде – да се обезбеди смена на генерации. Тука да бидат искусните и старите, да знаат дека не им е завртен грбот, дека секогаш е отворена вратата, дека имаат со кого да работат, на кого да го пренесат своето знаење и искуство. И таков еден тим сега ќе се формира и ќе се официјализира“, рече лидерот на СДСМ.

Вечерва на седница на Централниот одбор ќе треба да биде познато новото раководство во СДСМ.