Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Антикорупцискиот тим на СДСМ со пријава до ДКСК

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска поднесува официјална пријава до Државната комисија за спречување корупција, околу случајот на „Сити Аутсорсинг“, вели во изјава за медиумите Петар Огњеновиќ од СДСМ.

Фирма која добила 161 тендер, вредни 9 милиони евра а само годинава заработила речиси половина милион евра. Фирма со семејни врски на Ивица Томовски, актуелниот директор на СОЗР со оваа фирма.

ДКСК минатата недела отвори предмет за овој случај, но нема да дозволиме тоа да биде само уште еден случај во кој се „перат“ функционерите на ДПМНЕ.

Реклама

Оваа пријава ја поднесуваме ДКСК темелно да ги испита донациите на Томовски кон ДПМНЕ, кој во неколку наврати надминуваат сума од 800.000 денари.

Какво е потеклото на парите кој Томовски ги донира на ДПМНЕ?

Дали донираните пари се поврзни со оваа фирма?

И веќе кога Томовски се огрдува и негира поврзаност со било каква фирма и приватен бизнис, од каде тогаш е потеклото на парите кои ги донира Томовски?

Од каде има некој 800.000 денари да ги донира, од плата?

ДКСК треба да истражи и да даде одговор на овие прашања.

Граѓаните се заситени од празни реторика на институциите и предмети кои користат за да се исперат функционерите на ДПМНЕ од одговорност!

А одговорност ќе има за секој инволвиран во криминал и корупција!

Работата не е завршена!