Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Тошковски задоволен од тест-периодот на „Безбеден град“, намалени сообраќајките и забавено возењето

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изрази задоволство од резултатите од тест-периодот на проектот „Безбеден град“, истакнувајќи дека граѓаните значително ја намалиле брзината на возење, а бројот на сообраќајни незгоди е во опаѓање. Како што нагласи, единствената цел на проектот е спасување човечки животи.

-Тест периодот покажува дека Македонија има сила да биде нормална земја. Горд сум што македонските граѓани покажаа дека и во тест период кога ќе се вметне едно решение, граѓаните сфатија и го забавија возењето во рамки на главниот град. Граѓаните покажаа дека можат поинаку и дека сега се вистински Европјани. Намалени се бројките на сообраќајки на територија на Град Скопје, а особено на тешки телесни повреди и смртни последици, изјави Тошковски одговарајќи на новинарско прашање по отворање на реконструираната полициска станица во Бутел.

Тој нагласи дека почитувањето на ограничувањата на брзината е клучно за намалување на тешките последици во сообраќајот, посочувајќи ја и глобалната статистика.

Реклама

–  Ако ја земеме глобалната статистика, при возење со 60 километри на час скоро и да нема преживеано лице, односно од 10 повредени лица при сообраќајка сите починале, сторување кривично дело при возење од 50 километри на час од 10 поврдени преживеале само двајца и со брзина на возење од 30 километри на час од 10, преживеале 8 луѓе, рече Тошковски.

Проблемите со кои возачите се соочуваат, откако се вклучија камерите на проектот „Безбеден град“ во тест периодот до 1 февруари, како што рече министерот, ќе можат да се пријавуваат на пункт или на интернет страница. Тој најави дека во склоп на управните служби на МВР (кои се во МТВ), ќе се отвори пункт за пријавување на сите грешки од системот со кои граѓаните се соочиле. Освен физички, возачите ќе можат наскоро неправилностите да ги пријават и на интернет страница, а министерот најави и мобилна апликација за известување од нелогичности на „Безбеден град“.

Тошкоски рече дека се работи на остранување на сите неправилности и оти од 1 февруари возачите свесно ќе придонесат за безбедноста во сообраќајот. 

Проектот „Безбеден град“, според надлежните, има за цел долгорочно да придонесе кон побезбеден сообраќај и намалување на сообраќајните несреќи низ државата.