Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Контроли во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници по полноќ, едно лице лишено од слобода

Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полициски службеници од СВР Куманово, во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд, ноќеска (на 13 и 14 декември) извршиле контрола во четири угостителски објекти на подрачјето на Куманово.

При контролата, како што соопшти МВР, биле легитимирани вкупно 74 лица, а во два угостителски објекти биле затекнати малолетници по 24:00 часот.

-Во еден од нив од слобода е лишена С.В.(45), која го изнајмила простортот, затоа што се затекнати 14 малолетници, од кои еден бил под дејстов на алкохол и е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Исто така, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд изрекоа глоби на објектите поради сторени прекршоци по Законот за угостителство, велат од МВР. 

Реклама

По целосно документирање на случајот, против одговорните лица ќе биде поднесена соодветна пријава.