Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Зајкова: Македонија припаѓа во ЕУ, а Европа мора да покаже политичка храброст

Отворајќи ја регионалната конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, претседателката на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отворајќи ја регионалната конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, претседателката на Либерално-демократската партија и претседателка на Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN), Моника Зајкова, упати силна порака дека европската иднина на Западниот Балкан не смее да биде заложник на внатрешни блокади, национални вета и нефункционални механизми на одлучување во Европската Унија, се вели во соопштението од ЛДП.

„За земјите од нашиот регион, европската интеграција не е апстрактна политичка тема, туку длабоко егзистенцијално прашање, прашање на доверба, стабилност, безбедност и иднина. Македонија донесе тешки, храбри и често болни одлуки во име на европската перспектива и европските вредности. Покажавме компромис, политичка зрелост и посветеност, но европскиот пат и понатаму се соочува со одложувања кои не се резултат на недостиг од реформи, туку на структурни слабости во самиот процес на европско одлучување,“ истакна Зајкова.

Таа нагласи дека проширувањето на Европската Унија мора да се третира како стратешка инвестиција, а не како политичка концесија.

Реклама

„Едногласноста пречесто се претвора во алатка за блокада, а не во механизам за градење консензус. Билатералните прашања не смеат да ја киднапираат европската агенда и да ја поткопуваат веродостојноста на Унијата. Доколку Европската Унија сака да биде сериозен геополитички актер, мора да покаже храброст да се реформира и да донесува одлуки кои го штитат заедничкиот европски интерес,“ порача таа.

Според Зајкова, за земјите кандидати како Македонија, ова не е техничка или бирократска дебата, туку суштинско прашање на доверба.

„Доверба дека напредокот ќе биде оценуван правично. Доверба дека реформите ќе бидат препознаени и наградени. И доверба дека Европската Унија е политичка унија која знае да води, а не простор на бесконечни одложувања,“ додаде таа.

Во своето обраќање, Зајкова потенцираше дека Западниот Балкан не е периферија на Европа, туку нејзин составен и недовршен дел.

„Стабилноста, демократијата и просперитетот во нашиот регион се нераскинливо поврзани со иднината на самата Европска Унија. Интеграцијата мора да биде реална, инклузивна и неповратна. Секој поинаков пристап го отвора просторот за нестабилност, влијанија и разочарување,“ предупреди таа.

Таа истакна дека регионалната соработка не е замена за членството во ЕУ, туку неопходен чекор кон него.

„Либералите веруваат дека границите треба да поврзуваат, а не да разделуваат. Кога инвестираме во регионална соработка, инвестираме во економски развој и заеднички европски вредности. Тоа е патот кон силна, обединета и функционална Европа,“ нагласи Зајкова.

Зајкова заклучи дека Македонија и Западен Балкан припаѓаат во Европската Унија, а Европа мора да биде подготвена да се развива, да се реформира и да донесува храбри одлуки за да ја направи таа иднина возможна.