Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

РКЕ: Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум, регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум – регистрира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија заедно со Србија и Молдавија бележат најголем реформски моментум – регистрира Енергетската заедница за сработеното во 2025 година кога енергетиката е во прашање. Во најновиот Годишен извештај на Енергетска заедница во кој се мониторира имплементацијата на реформите во земјите членки се нотира дека „Македонија и Србија докажаа дека може да се постигне ефикасно спроведување на законодавството на Европската унија за интеграција на пазарите на електрична енергија, како и координативно работење и управување со системите во насока на обезбедување на сигурност во снабдувањето и ова е поткрепено со нивниот видлив напредок во реформите на пазарот на електрична енергија“, соопштија денеска од Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Во делот посветен на  (РКЕ) од Виена ја потенцирале проактивноста на регулаторот во спроведување на Законот за енергетика и мониторинг врз усогласеноста со раздвојувањето.

-Во извештајот се нотирани спроведување на законски утврдените надлежности во поглед на мониторинг на раздвојувањето и регулаторно делување преку одобрување на тарифи за пренос и дистрибуција, годишни планови за одржување за МЕПСО, ОПС и дистрибутивните компании, како и Развојниот план за период од пет години за ОДС. Мрежните правила за дистрибуција на гас се усвоени, појаснуваат од РКЕ.

Реклама

Посебен дел во Годишниот извештај, велат, е посветен за законодавството и правилата кои значат јакнење на отпорноста и менаџирањето на сајбер ризиците.

-Правила за Сајбер безбедност, усвоени од РКЕ се спроведуваат од јуни 2023 година. РКЕ одобри инвестиции за претпријатија за да се започне спроведувањето на ISO 27001 стандард, се наведувало во извештајот каде било регистрирано и формирањето на Националниот совет за дигитална трансформација, како и усвојување на Законот за безбедност на мрежни и информациски системи.

Енергетската заедница оценува дека практичното спроведување на мрежните правила, транспарентното доделување на капацитети и транспонирањето на новите регулаторни рамки – се најголемите предизвици за земјите членки на Енергетската заедница но и за Европска Унија воопшто. Сепак, велат од РКЕ, спроведувањето на мрежните правила на цела територија на ЕУ до август 2026 година се очекува да биде силен поттик за интеграција на регионалните пазари.