Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Јакупоски во увид на градежните работи во село Присојница

Повереникот со надлежности на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повереникот со надлежности на градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски, изврши теренска обиколка на градежните работи кои се одвиваат во селото Присојница.

-Целта на посетата беше увид во динамиката на градежните активности за проектите кои се од витално значење за подобрување на локалната инфраструктура. Со изградбата на потпорните ѕидови драстично ќе се прошират селските локални патишта со што ќе се овозможи полесен пристап до секој дом во ова населено место, информираа од општината.

За време на престојот во Присојница, Јакупоски остварил средби со месното население, каде во директен разговор биле разменети мислења за идните приоритетни проекти кои треба да го подобрат квалитетот на живот во ова село.

Реклама

-Како еден од клучните заклучоци од средбата беше најавата од потреба за формирање на месната заедница во Присојница, која повеќе од две години не функционира. Овој важен процес е планирано да се официјализира околу новогодишните празници, период кога бројната дијаспора се враќа во родниот крај, додаваат од општината.

Посочуваат дека целта е сите граѓани, вклучително и оние кои работат во странство, да бидат активно вклучени во одлучувањето и легитимното претставување на интересите на Присојница.

-Нашата мисија е инклузивност. Сакаме кога дијаспората ќе биде тука, заеднички да ја поставиме новата структура на месната заедница и да ги дефинираме проектите за следната година. Гласот на секој жител на Присојница е важен, изјавил Јакупоски.

Нагласил дека општината продолжува со засилено темпо на работа, ставајќи ги потребите на граѓаните на прво место.