Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Протестен марш на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје денеска се одржа протестен марш на ветераните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На плоштадот „Скендербег“ во Скопје денеска се одржа протестен марш на ветераните и поддржувачите на ОВК. Учесниците искажаа поддршка и побараа правда за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. 

Покрај лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој се обрати пред присутните, како и раководството на оваа партија, меѓу учесниците на протестот беше и Зијадин Села од Алијанса на Албанците.  

-ОВК не беше криминална организација, туку се бореше за правата и за еднаквост на Албанците. За време на конфликтот се почитуваа сите меѓународни конвенции. Не е точно тоа што е наведено во обвинението за поранешните водачи на ОВК кои се на судење во Хаг. Испраќаме порака до сите меѓународни фактори дека треба да има правда за овие луѓе, беше речено на протестниот марш.

Реклама

Додека траеја обраќањата, учесниците на протестот скандираа во знак на поддршка на ОВК. Се вееја знамиња на Албанија, Косово и САД, а дел од присутните носеа и фотографии од обвинетите. 

Протестот помина мирно, но можеше да се забележи бројно полициско обезбедување.

Премиерот Христијан Мицкоски пред три дена изјави дека Владата не го поддржува маршот на ветераните и поддржувачите на ОВК во Скопје, како и дека е формиран кризен штаб кој ќе ги следи случувањата поврзани со настанот.