Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

Постапка за одземање имунитет на пратеник може да биде иницирана само со официјално барање од надлежен државен орган, информира Кабинетот на Гаши

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање имунитет…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми.

Ова го соопшти денеска Собранието на Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши во врска со новинарските прашања упатени до Собранието на Македонија – дали ќе се преземат какви било мерки кон пратеникот Сашко Јанчев во однос на неговиот пратенички имунитет.

-Претседателот на Собранието, Африм Гаши го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање. Доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски, наведува Кабинетот на претседателот на Собранието.

Реклама

На 14 септември 2025 година, во село Марино, општина Илинден, се случи сообраќајна несреќа во која учествуваше пратеникот Сашко Јанчев од Левица, управувајќи возило „Хјундаи Тусон“. Во несреќата беа повредени 16-годишниот малолетник (М.Д.), возач на мопед и 13-годишната сопатничка (А.Т.). М.Д., почина на 9 октомври од здобиените повреди. Родителите на тешко повредената 13-годишна А.Т. испратија писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, барајќи да почне постапка за одземање на пратеничкиот имунитет на Сашко Јанчев. По несреќата, на пратеникот Јанчев му беа одземени пасошот и возачката дозвола како мерки на претпазливост. Од партијата Левица изјавија дека Јанчев не бил под дејство на алкохол и дека мопедот бил нерегистриран, неисправен и управуван од малолетник без дозвола и кацига, кој се забил во неговото возило.