Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Манасиевски: Дали Оливер Спасовски се има добро нафатирано, па затоа не го одзел овластувањето на фирмата од Сарај?

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Три месеци Оливер Спасовски молчел и не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите, Три месеци Оливер Спасовски молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед од Сарај, со што овозможил фирмата да заработи над 90.000 евра.

Спасовски како министер во МВР, имал добиено официјален извештај со констатирани неправилности, тој молчел и не го одземал овластувањето, со што директно ја злоупотребил службената положба.

Инаку, на истиот овој технички центар, поминал технички преглед и автобусот на „Беса Транс’’, кој се запали во Бугарија и наши 45 сограѓани загинаа. Доколку, Спасовски реагирал навреме, трагедијата можеби би била и спречена.

Реклама

Исто така, Оливер Спасовски треба да одговори дали се има добро нафатирано тие 3 месеци со тоа што директно овозможил фирмата од Сарај да се стекне со противправна имотна корист од на 90.000 евра? Дали е точно дека Оливер Спасовски добивал сума на пари за да не го одземе овластувањето на фирмата за технички преглед и дали поради трагедијата во Бугарија во страв и паника од грижа на совест, го одземал овластувањето на фирмата од Сарај само три дена по трагедијата?

Оливер Спасовски е уште една црна дамка на СДСM, покрај Заев, Филипче, Ковачевски, Љупчо Николовски. Синоним на овие луѓе се зборовите криминал и корупција.

СДСM мора да се дистанцира и огради од овие луѓе, ако сака да остане на политичката сцена.

Ви благодарам.