Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски наместо да ја штити безбедноста на граѓаните, ја загрозил, во техничкиот центар во Сарај што незаконски профитирал 90 000 евра бил и автобусот на „Беса Транс“ 

Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оливер Спасовски наместо да се грижи за безбедноста на граѓаните и да ја гарантира тој ја загрозил безбедноста на граѓаните, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНE.

Спасовски не ги презел мерките што бил должен да ги преземе, и поради ваква негрижа Македонија денес се соочува со последици кои никогаш не смееле да се случат.

За станицата за технички преглед во Сарај постоел официјален извештај со утврдени нерегуларности, но Спасовски не го одзел нејзиното овластување навремено.

Реклама

Наместо да реагира во предвидениот законски рок, тој чекал цели три месеци со што и овозможил на фирмата да оствари незаконски профит од 5,5 милиони денари.

Уште потрагично е што екс министерот Спасовски постапил 3 дена по трагедијата во Бугарија, во која животот го загубија 45 лица а автобусот на Беса Транс вклучен во несреќата, го имал техничкиот преглед токму во оваа станица во Сарај.

Дали трагедијата ќе можела да се спречи доколку Спасовски реагирал на време?

Дали Спасовски имал некаков договор со фирмата поради што ја игнорирал законската постапка?

Дали Спасовски чувствувал вина за несреќата па по три дена ја одзел лиценцата?

Вакви тешки институционални пропусти не смеат да се повторуваат.

Јавноста мора да знае кој стоел на позицијата задолжена да ја гарантира безбедноста на граѓаните, а тоа не го правел.

Правда и одговорност мора да има!