Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми патриот против мигранти, а во владата на Заев туркал мигрантски камп во Бардовци

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче денес глуми загрижен патриот, додека во владата со Заев ги распродаваа националните интереси и активно работеа за носење мигранти во Македонија, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

За време на владеењето на СДСМ, Зоран Заев заедно со Венко Филипче имаа партиска и државна политика за населување на мигранти, истите оние мигранти кои се проблематични низ Европа.

Филипче и Заев не само што биле спремни за населување на мигрантите во Скопје, туку и во 2018 година усвоиле План за изградба на мигрантски камп во Бардовци.

Реклама

Филипче туркал камп во Бардовци и гласал да се доселат мигранти во Македонија, а за сето тоа има и доказ во Службениот весник од 2018 година, каде што е објавена одлуката на Владата за изградба на мигрантски камп, со Имотен лист бр. 2140 за КО Бардовци.

СДСМ и Филипче прават конструкции и смислуваат приказни и покрај тоа што сите во државата, но и британскиот амбасадор негираа дека во Македонија ќе се носат мигранти од Велика Британија.

Филипче и Заев да одговорат колку мигранти биле спремни да примат и колку ќе профитирале со тој чекор?

Од што се плашат Заев и Филипче па константно конструираат приказни?

Дали Филипче е толку гласен за мигрантите поради тоа што знае дека договарал носење на мигранти за истите суми кои тој и медиуми блиски до СДСМ сега ги вадат во јавноста?

Дали Заев и Филипче во обид да го затскријат својот криминал се обидуваат друг да наместат?

Наместо да креираат приказни, конструкции и шират паника кај населението, СДСМ и Филипче нека се посветат да си ја реформираат партијата. Единствени мигранти во Македонија се партиските мигранти на СДСМ кои им бегаат во други партии.