Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Рисима Рисимкин – „Жена на годината 2025” во Македонија

Вкупно 10 жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 10 жени кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и оствариле забележителни резултати во годината што изминува, синоќа беа прогласени за победнички во македонскиот избор за „Жена на годината 2025”, а лауреатот го понесе авангардната кореографка за современ танц, Рисима Рисимкин.  

Изборот за „Жена на годината“ почна со онлајн номинирање кое беше отворено за целата домашна јавност, при што беа поднесени вкупно 600 номинации. Од сите нив беше формирана листа на финалистки, по пет во секоја категорија, за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Освен Рисимкин која е прогласена за „Жена на годината“, победнички се и: „Жена со трајни вредности“ – Индира Кастратовиќ, „Жена менаџер на годината“ – Јелена Спасова, „ Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата“ – Венера Крлиу, „Млада жена менаџер на годината (до 40 години)“ – Ениса Кадрии, „Жена со најголеми достигнувања во културата“ – Наталија Теодосиева, „Жена со најголеми достигнувања во спортот“ – Ангела Мојсовска, „Жена со најголеми достигнувања за општеството“ – Моника Ризовска Таневска, „Жена со најдобар стил“ – Наташа Петровска, како и „Инфлуенсерка на годината“ – Миа Арабаџиевска.

Реклама

Во конференцискиот дел на настанот предавања одржаа: Павле Зимбаков, Сузанне Пазит Гева, Елена Бубало, Данчо Димков и Марина Анчевска . Организатори на „Жена на годината“ (www.zenanagodinata.mk) се Маркетинг365 и Касиа Евентс.