Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Економија

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64%  во однос на одлуката од 9.12.2025 година. Така, од вечер на полноќ максималните цени на дизелот и бензините остануваат исти, а намалување од 1,089 ден/лит ќе има на Мазутот М-1 НС и сега ќе  изнесува 32,883 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,559%, кај дизелот има намалување за 2,715%, кај екстра лесното масло  за 0,766%  и кај мазутот намалувањето е за 4,528%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2743%

Реклама

Од 13.12.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат 75,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 95; 77,00 (денари/литар) на ЕУРОСУПЕР БС – 98; 68,50 (денари/литар) на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V); 66,50 (денари/литар) на Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) и 32,883 (денари/килограм) на Мазут М-1 НС.

Од РКЕ напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 13.12.2025 година, додека трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.