Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

ССКМ :Ја поздравува одлуката со која данокот од 5 проценти останува при прва продажба на недвижности

Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5 проценти ДДВ при прва продажба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја поздравуваме одлуката на Владата за 5 проценти ДДВ при прва продажба на станбен простор. Ова ги покажува позитивните заложби на бизнис секторот и ССКМ претставен преку Градежната комора во соработка на Министерството за финасии и Владата, велат од Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ).

Сојузот смета дека одлуката на државата стапка за првата продажба на новоизградени станови да остане 5 отсто е оправдана и дека е оправдана одлуката на Министерството за продолжување на важноста на повластената стапка од 5 проценти ДДВ.

 -Сметаме дека со нејзино продолжување најголема корист ќе имаат купувачите на станбени единици, односно населението,велат од ССКМ.

Реклама

Ивица Јаќимовски, член на Управниоот одбор при ССКМ посочи дека со продолжување на данокот за купување станови на 5 проценти почнувајќи од 2026 година, се очекува секторот за недвижности да добие нов импулс.

-Ова повластена стапка на ДДВ има за цел да го поддржи пристапот на граѓаните до домување, да ја стимулира градежната активност и да ја зајакне стабилноста на пазарот. Имплементацијата на даночната стапка од 5 проценти носи неколку важни привилегии и за купувачите и за индустријата. Намалувањето на даночната стапка значително ги намалува вкупните трошоци за купување стан, правејќи го сопствеништвото на домот подостапно за пошироката популација, потеницра Јаќимовски.

Се очекува, додава, прифатливоста создадена од данокот од 5 проценти да ја зголеми побарувачката за нови и постоечки станови, што пак може да ги поттикне градежните и недвижните сектори. 

-Со поповолна даночна средина, домашните и странските инвеститори можат да покажат зголемен интерес за пазарот на домување, што ќе придонесе за економски раст, посочуваат од ССКМ.