Реклама
Прилози

Три милиони патници на Скопскиот аеродром – Стартува линијата Скопје – Прага, идната година пет нови линии

Над 3 милиони и 200 патници до крајот на годината ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 3 милиони и 200 патници до крајот на годината ќе бидат опслужени на скопскиот аеродром а 262 илјади на охридскиот- што во споредба со 2010 година претставува 5 кратен раст. Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје беше испратен  три милионитиот патник во оваа година. Скопје станува центарот во авиосообраќајот во регионот. Со формирањето на новата Влада и новите начини на субвенционирање беа стартувани летови до 21 нова дестинација од Скопје и Охрид а според вицепремиерот и министерот за транспорт растот на патници веќе се забележува во споредба со минатата година.

  • Од 6 април следната година стартуваат авиолините Скопје-Наполи и Скопје-Будимшпешта, а од 28 јуни Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав, Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена на Аустријан ерлајнс. Со сите нови линии и активности Николоски рече дека се надева оти следната година во овој период ќе има 3,5 милиони патници на Скопскиот аеродром“.

    Најмалку пет нови линии се очекува да стартуваат во 2026 година. А според очекувањата на вицепремиерот би требало да се договорат и нови европски и светски дестинации.
  • Годинава имаме континуиран раст, кој во ноември достигна 25 проценти споредено со ноември лани, што значи дека за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат од македонските аеродроми.Овие резултати, посочи министерот, се проследени и со зголемување на бројот на туристите, развој на бизнисот“.

Директорот на ТАВ Македонија е уверен со Поддршка на владата ќе се отворат уште поголеми можности за македонските патници.

  • Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Три милионитиот патник доби бесплатни услуги и производи од ТАВ и две бесплатни авио карти до дестинација која тие ќе си ја одберат. 

Реклама


Во понеделник ќе стартува за прв пат и линијата Скопје Прага на унгарскиот гигант Визер.


Од 26 ноември Стапи во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe е поврзуван до 49 редовни дестинации што ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации. Од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид има пет дестинации, на кои сообраќаат три авиокомпании.