Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот

Три милиони патници на Скопскиот аеродром  е историја, нешто што се случува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три милиони патници на Скопскиот аеродром  е историја, нешто што се случува првпат во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој со раковдоството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на аеродромот за испраќање на три милионитиот патник. 

Николоски оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје станува центар за регионот. 

– Драго ми е што ова прекрасно семејство што денеска патува до Бари ја имаше среќата да биде три милиониот патник на Скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години ова било незамисливо, Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион, рече Николоски на прес-конференција.

Реклама

Од септември лани досега има 21 нова дестинација до Скопскиот и  до Охридскиот аеродром, што рече Николоски, многу говори за нашата посветеност за привлекување нови авиолинии и ова се најмногу нови дестинации што ги вовела која било држава во регонот. Затоа не се случајни  бројките и не случајно Скопскиот аеродром ќе заврши со 3,2 милиони патници, а Охридскиот со над 300.000  и ќе имаме над 3,5 милиони патници до крајот на годинава, посочи Николоски.  

Годинава, дополни,  имаме континуиран раст,  кој во ноември достигна 25 проценти споредено со ноември лани, што значи дека за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат од македонските аеродроми. 

Овие резултати, посочи министерот, се проследени и со зголемување на бројот на туристите,  развој на бизнисот. 

Николоски најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолините  Скопје-Наполи и Скопје-Будимшпешта, а од 28 јуни  Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав,  Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена на Аустријан ерлајнс. Со сите нови линии и активности Николоски рече дека се надева оти следната година во овој период ќе има 3,5 милиони патници на Скопскиот аеродром. 

Раководството на аеродромскиот оператор приреди изненадување за три милионитиот патник – Милена Таскова која доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

– Го достигнавме три милиониот патник  во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство, изјави  Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.