Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на „Мој општинар“

Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на службата „Мој општинар“. -Денес го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кавадарци одбележа осум години од воведувањето на службата „Мој општинар“.

-Денес го одбележуваме осмиот роденден на „Мој општинар“, служба воведена од градоначалникот Митко Јанчев со цел да се подобри комуникацијата меѓу Општина Кавадарци и граѓаните. Во изминатите години, „Мој општинар“ прерасна во тим кој секојдневно е на терен, слуша, бележи и пренесува забелешки, предлози и потреби до општинските служби. Преку нивната работа, многу мали, но, важни проблеми се решаваат побрзо. Но, „Мој општинар“ е заслужен и за големи и важни проекти од исклучителна важност за нашата општина, наведе градоначалникот на неговата „Фејсбук“-страница.

Тој додаде дека службата учествува во активности како уредување на јавни простори, чистење на помали депонии, следење на урбани забелешки, поддршка на општински акции и помош при комуникација со институциите. Сè тоа не ги менува работите преку ноќ, подвлече градоначалникот, но, додаде, создава подобар, поорганизиран и потранспарентен систем.

Реклама

-Продолжете со истата енергија, посветеност и пристапност, граѓаните го ценат тоа. На уште многу години успешна и корисна служба, додаде Јанчев.