Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Британскиот амбасадор Лосон во протоколарна посета на Прилеп

При денешната протоколарна средба меѓу амбасадорот на Обединетото кралство Метју Лосон и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

При денешната протоколарна средба меѓу амбасадорот на Обединетото кралство Метју Лосон и прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски и  пратениците беа претставени можностите за соработка, беше отворена и темата за Договорот за стратешко партнерство помеѓу двете влади, соопштија од прилепската локална самоуправа по средбата.

-Реализацијата на Договорот за стратешко партнерство опфаќа и капитални проекти од огромна важност, меѓу кои и изградбата на хидроелектраните Чебрен и Галиште, инвестиции што ќе донесат силен развоен импулс за Прилеп и поширокиот регион, стои во соопштението од локалната самоуправа на Прилеп.

На средбата со амбасадорот Лосон била  претставена моменталната состојба и потенцијалите на општината, бизнис климата која се унапредува, тековните и планираните инфраструктурни инвестиции, како и сите поволности што во рамките на ингеренциите може да ги понуди локалната самоуправа на идните инвеститори.

Реклама

На средбата, амбасадорот Метју Лосон ја презентирал работата на Британската бизнис асоцијација, со јасна определба за зајакнување на деловните врски и поголема поврзаност помеѓу компаниите, можност што отвора пат за нови инвестиции во Прилепскиот регион.