Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Македонската Влада засега не размислува за строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници

Строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници засега не е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Строга забрана за користење на социјалните мрежи за малолетници засега не е опција на која размислува македонската Влада. По исклучувањето на младите до 16 години од „Тик-ток“ и „Инстраграм“ во Австралија, прашањето за забрана се отвори во повеќе држави. Министерот за дигитална трансформација не се согласува  со срого ограничување, бидејќи децата секако ќе најдат алтернатива како што се случи во Австралија. Според Стефан Андоновски, власта размислува во насока на советување со родителите кои треба да следат повеќе што прават малолетниците до таа возраст.

  • „Мое мислење е дека треба да работиме со родителите да ја насочат потребата на децата кон нивните мобилни телефони, кон алатки кои што им се од корист, а не кон алатки на кои поминуваат премногу време, а немаат никаква придобивка. Во таа насока, повеќе размислуваме за работа со родителите, отколку на некакви строги забрани,“ рече министерот.

Некои родители веќе иницирале собирање потписи за забрана за користење социјални мрежи да биде воведена во Македонија. По групи на „Фејсбук“ повикуваат да се потпишат на пецитиција која подоцна би ја доставиле до Владата и Собранието. 

Министерот Андоновски, пак е дециден дека доколку Астралија успее да го спроведе до крај може да има позитивни резултати, но, вели, веќе читаме дека децата наоѓаат начин како да ги заобиколат забраните.

Реклама

Сепак забраната не ги одалечи децата од телефоните. Откако Австралија ги забрани „Инстаграм“ и „Тик Ток“, се зголеми користењето на други апликации кои се претставуваат како „најбезбедни алтернативи“ за деца на возраст од 9 до 16 години.Австралискиот премиер Ентони Албанезе ја брани забраната и е свесен дека на почетокот ќе биде тешко, но според него мерката на крајот ќе спаси животи.

Американскиот сенатор Џош Холи го поздрави законот, а Франција, Данска, Малезија и други земји веќе најавија дека планираат да го следат примерот на Австралија.