Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Усвоена нацрт-резолуција за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија

Во Париз, на 9 декември 2025 година, се одржа состанок на Мониторинг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Париз, на 9 декември 2025 година, се одржа состанок на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која беше усвоена нацрт-резолуција за затворање на пост-мониторинг дијалогот со Македонија, информираат од македонското Собрание.

Во заклучокот на нацрт-резолуцијата, која треба да се најде пред пратениците на пленарна седница во јануари 2026 година, се истакнува дека Парламентарното Собрание одлучи да го затвори пост-мониторинг дијалогот со Македонија и да ги следи случувањата во земјата во однос на плуралистичката демократија, владеењето на правото и човековите права во рамките на своите периодични прегледи. Со ова, по цели 25 години, државата успешно го финализира пост-мониторинг дијалогот со Парламентарното собрание на Советот на Европа.

-Во нацрт-резолуцијата, која беше усвоена со големо мнозинство на седница на Мониторинг комисијата, а која беше изготвена од известителите Сибел Арслан од Швајцарија од Групата на Социјалистите и Џозеф О’Рајли од Ирска од Европските народни партии, се наведува дека Македонија стана членка на Советот на Европа во 1995 година и до 2000 година, беше под целосна мониторинг постапка, што значи дека Советот внимателно следеше дали земјата ги исполнува своите обврски прземени при приемот во Организацијата. Во 2000 година, Парламентарното собрание усвои Резолуција со која се заврши целосната мониторинг постапка и земјата се префрли во т.н пост-моноторинг дијалог. Овој нов механизам се фокусираше на специфични преостанати прашања наведени во Резолуцијата, како и на сите нови прашања поврзани со одговорностите на земјата како членка на Советот на Европа. Оттогаш, Парламентарното собрание и неговата Мониторинг комисија редовно го оценуваа напредокот на Македонија во областите на демократијата, владеењето на правото, заштитата на човековите права и односите со соседните земји, се вели во соопштението од собраниската прес-служба.

Реклама

Оттаму појаснуваат дека мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа го следи почитувањето на демократските стандарди на кои земјите-членки се согласиле при пристапувањето, особено прашањата како што се човековите права, владеењето на правото и слободните избори. Комисијата подготвува извештаи за напредокот на секоја земја и препорачува чекори за подобрување. Во ова работно тело членуваат 93 пратеници кои ги назначува Парламентарното собрание врз основа на номинации од шесте политички групи. Во оваа Комисија, која има за цел да ги поддржи земјите во исполнувањето на нивните обврски кон Советот на Европа, членуваат шефот на делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, Марија Петрушевска и членот на делегацијата, Бисера Костадиновска Стојчевска.