Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

ЈП Комуналец: Водата во Кавадарци исправна за пиење

Водата за пиење во Кавадарци повторно е исправна, по неколкудневната препорака да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата за пиење во Кавадарци повторно е исправна, по неколкудневната препорака да се преврива пред употреба, информираат од ЈП „Комуналец“.

Оттаму соопштуваат дека Сектор водовод при ЈП ,,Комуналец” Кавадарци на карактеристични места низ градот направил интерни испитувања на водата за пиење.

– Со испитувањата се утврди дека присуството на резидуален хлор во водоснабдителниот систем е во граници на нормалата. Со ова се констатира дека водата од градскиот водовод Лукар е исправна и може да се употребува за пиење, се вели во известувањето до јавноста, објавено на Фејсбук страницата на претпријатието. 

Реклама

Претходно, поради, како што наведоа,  обилните дождови на изворите Лукар, од комуналното претпријатие  известија дека водата во градскиот водовод била заматена и пред консумирање потребно било да се преврива. 

Тогаш истакнаа дека во корелација со Центар за јавно здравје  Кавадарци состојбата се следи и најавија дека  дополнително ќе известат,  кога ќе се нормализира состојбата со водата.