Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Прилози

Регионално здружување за почиста Македонија, потпишан договор за формирање Меѓуопштински одбор за управување со отпад

Граѓаните и компаниите ќе бидат должни ќесите со кабаст, градежен и органски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните и компаниите ќе бидат должни ќесите со кабаст, градежен и органски отпад да ги фрлаат во собирни центри, а потоа од таму одговорноста ја превземаат Општинските јавни комунални претпријатија. Собраниот отпад од домаќинствата ќе биде транспортиран до Претоварните станици лоцирани во Кичево, Охрид, Прилеп и Дебар. Од станиците, Регионалното комунално претпријатие е одговорно за пренос на ѓубрето до Регионалниот центар за управување со отпад што ќе се гради во Новаци. 18 градоначалници седнаа на иста маса и го потпиша договорот за формирање на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад. Градоначалниците од Пелагонискиот и Југозападниот регион сметаат дека регионалната соработка е клучна за зголемувањето на квалитетот на животот на граѓаните.

„Формирање и организиран начин на управување со отпадот онака како што доликува во развиените западноевропски земји, да го пресликаме и донесеме тука во Македонија, а со тоа да направиме еден чекор напред за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните со тоа што ќе ги подобриме условите за воздух, водата, почвата.“– изјави Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

„ Конечно треба да се ослободиме од отпадот  кој оваа прекрасна наша држава ја загадува на секој чекор , во секое поле, во секое населено место и мислам дека конечно велам дека со овој историски момент треба да ја отпочнеме оваа иницијатива со формирањето на меѓуопштински одбор.“– изјави Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

Реклама

„Салар како организација е активна веќе последните три години во земјата и е вклучена во разовојот на овој проект. Имаме активности за координација помеѓу локалните и централните власти, а од друга страна работат и на зајакнувањето на јавната свест преку промотивни и едукативни кампањи во кој што се ангажирани и наставници и други кадри.“ – изјави програмскиот директор на Салар Интернационал, Лена Фалкон.

Наместо секоја општина да се справува сама со отпадот, со овој проект регионите ќе ги здружат своите сили и ќе воспостават нов ефикасен систем. Ова ќе значи затворање на општинските депонии, почист град, подобар квалитет на воздух, поефикасно работење на комуналните претпријатија како и полесно рециклирање.