Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Македонија

СДСМ: Сакате и понатаму да одвлекувате внимание од мигрантите или ќе ја потпишете Резолуцијата

Како што најавуваме сите овие денови, власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што најавуваме сите овие денови, власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидува да дефокусира, да одвлекува внимание од главната тема, договорот за прием на мигранти, но и од бројните криминални скандали за крадење на парите на граѓаните, се наведува во соопштението од СДСМ.

Тоа е начинот на којшто криминалната ВМРО-ДПМНЕ, или позната по копи-пејст партијата ги копира сценаријата на Вучиќ во Србија. Тоа денеска на сите им е кристално јасно.

Денеска имаше прес конференција претседателот на СДСМ и објасни што прават, која е позадината на договорот за мигрантите но и како го копираат Вучиќ. Затоа што и тимот на Вучиќ работи за ВМРО- ДПМНЕ. Еве уште една изјава како пример. Денеска Мицкоски вели дека „Ако се пронајде еден мигрант од Британија дека трајно ќе ја напушти политиката.„

Реклама

Исто како што за Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ во Кочани кога изјавуваше Мицкоски: „Не е точно дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ – дајте ми доказ и утре ќе поднесам оставка!“

Поврзаноста со Агенцијата за обезбедување на Пулс и Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ се потврди ама оставка од Мицкоски немаше.

Така исто правеше и Вучиќ за настрешницата во Нови Сад. Прво рече дека не е реконструирана, а веќе наредниот ден рече дека и настрешницата е реновирана.

Сега со кривична пријави против Спасовски, веднаш после прес конференцијата на претседателот Филипче власта преземе уште еден чекор.

На кого?

На нашиот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието  каде што ќе биде поднесена Резолуцијата за мигрантите.

Ова е класичен обид политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта.

Сè ќе им пукне како меур од сапуница, граѓаните гледаат и знаат сè.

Прашањето е едноставно, ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?

А утре нова бомба. Работата не е завршена!