Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Во Центар Жупа досега нема поднесено кандидатура за градоначалник

Во Општина Центар Жупа, каде на 11 јануари се повторуваат изборите за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Центар Жупа, каде на 11 јануари се повторуваат изборите за градоначалник, до попладнево не е доставена ниту една кандидатура.

– До предвидениот рок за собирање потписи за независен кандидатура не е пријавен ниту еден кандидат, што значи дека во трката за градоначалник нема да има независен кандидат. Исто така до попладнево нема доставена кандидатура ниту од една политичка партија, рече за МИА, Неџип Илјаз, претседател на ОИК.

Посочи дека кандидатури може да се достават денеска до 24 часот.

Реклама

На изборите на 19 октомври имаше тројца кандидати, предложени од политички партии, но градоначалник не беше избран поради необезбедени цензус од 1/3 од вкупното гласачко тело, односно од 7551 лице со право на глас.

Моментно, со одлука на Владата, општината има повереник со надлежности на градоначалник. Тоа е Аријан Ибраим, кој градоначалник на Општина Центар Жупа е во три последователни мандати.