Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Вработените во „ТАВ МАкедонија“ садеа дрвца во центарот на Охрид

Вработените во охридскиот аеродром со кој стопанисува компанијата „ТАВ Македонија“ денеска во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вработените во охридскиот аеродром со кој стопанисува компанијата „ТАВ Македонија“ денеска во рамки на зелената иницијатива „Садиме денес за одржливо утре“ во Охрид заедно со Генералниот директор, Неџат Курт и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков засадија 20 црвени сливи во центарот на градот.

Како што посочиуваат од „ТАВ Македонија“, зелените акции за садење дрвја претставуваат траен и одговорен придонес кон создавање поздрава и поодржлива средина во заедниците каде што работат двата македонски аеродроми – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

„Горд сум што втора година по ред ја спроведуваме нашата зелена иницијатива ‘Садиме денес за одржливо утре’. Минатата година засадивме чинари покрај брегот на Охридското Езеро, а денеска засадивме декоративни сливи кои ќе го разубавуваат центарот на градот. Нашата стратешка цел кон одржливост се совпаѓа со активностите на Општина Охрид за заштита на животната средина. Би сакал да им се заблагодарам на нашите вработени кои волонтираа и ни се придружија, како и на градоначалникот на Охрид и вработените во Општината, со кои заеднички го дадовме нашиот придонес со секое засадено дрво. Ја делиме истата грижа за иднината. Со оваа акција, покажуваме дека малите чекори водат до големи промени – кон позелени заедници, почист воздух и подобар живот за сите, изјави директорот на „ТАВ Македонија, Курт.

Реклама

Преку реализираните зелени иницијативи во Скопје и Охрид, кои се спроведуваат втора година по ред, „ТАВ Македониј“а уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон заедниците и животната средина, акција која станува традиција и преку која ќе продолжи да ја поддржува грижата за природата и проектите што создаваат трајни, позитивни промени во општеството.