Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Годишна конференција на АмЧам: Дигитализацијата најмоќен инструмент за доверба во институциите

Кога системот е дигитализиран процесите ќе бидат транспарентни, одлуките ќе станат предвидливи,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кога системот е дигитализиран процесите ќе бидат транспарентни, одлуките ќе станат предвидливи, а услугите достапни до сите. Дигитализицијата го зајакнува владеењето на правото, го стеснува просторот за корупција и обезбедува транспарентни и унифицирани услуги достапни до сите граѓани. Тоа е најмоќниот инструмент што ќе ни помогне да изградиме доверба во институциите и да обликуваме квалитетно општество.

Ова се пораките со кои денеска стартуваше третата годишна конференција за дигитализација на Американската Стопанска Комора (АмЧам) во Скопје. 

Славе Пројковски, член на одборот на директори на АмЧам истакна дека дигитализацијата бара фокус на луѓето и нивните вештини и оти е потребна заедничка работа на јавниот и приватниот сектор.  За исполнување на поставените цели неопходно е јакнење на рамката за сајбер бездност, што, посочи, е национална потреба затоа што секој нов систем, секој нов процес, секое ново поврзување мора да биде безбедно. 

Реклама

– Дигитализицијата на државните сервиси мора да се одвива во соработка со приватниот сектор. Прогресот зависи од една работа-работење  заедно. Ни треба силно партнерство. Владата да го притиска приватниот сектор за иновации, а приватниот сектор да ја притиска Владата за модернизирање. Кога двете страни ќе ги здружат силите прогресот ќе биде побрз и одржлив. Луѓето се во центарот на трансформацијата. Мора да инвестираме во дигитални вештини на секое ниво, да им помогнеме на институциите да  креираат и да понудат нови системи, на компаниите да ги дигитализираат нивните процеси, а граѓаните да се чувствуваат безбедно кога ги користат, рече Пројковски.

Во тек е панел на тема „Дигитална трансформација на јавниот сектор“, со фокус на е-фактура и фискализација во реално време“ со учество на директорката на Управата за јавни приходи.

Предвидени се и панели за „Од интероперабилност до институционална отпорност, за искористување на потенцијалот на поврзаните податоци“, „Дигитализација и сајбер безбедност во енергетскиот сектор“, „Забрзување на дигиталната трансформација во финансискиот сектор“ и „Финансирање на дигитализацијата“.