Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Меѓународeн форум „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”

Меѓународен форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина” ќе се одржува денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународен форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина” ќе се одржува денеска и утре во Скопје организиран од  Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN) која вклучува над 100 граѓански организации од Западен Балкан и Молдавија.

Како што соопшти организаторот GBWN, Форумот обединува повеќе од 80 учесници од 20 земји – претставници на граѓанскиот сектор, владини институции и активисти за родова еднаквост од цела Европа, создавајќи простор за поврзување на глобалната експертиза со локалните искуства, а со посебен фокус на климатското финансирање од родова перспектива.

-Форумот става особен акцент на зајакнување на учеството на граѓанското општество во процесите на креирање политики во сферата на заштита на животната средина и справување со климатските предизвици, и тоа на начин што ги опфаќа потребите на сите граѓани. Форумот за родово одговорно буџетирање има за цел да го зајакне граѓанското општество, да овозможи регионално поврзување на клучните засегнати страни, и да се заложи за поправедно управување со јавните финансии во доменот на родово-одговорната климатска акција. Ќе бидат прикажани и алатките кои организациите ги користат за мониторинг на родово одговорно буџетирање при климатското финансирање, како и да генерираат истражувачки наоди и да поттикнат отчетност, соопшти организаторот на форумот кој ќе опфати четири панел-дискусии.

Реклама

На официјалното отворање на Форумот се најавени воведни обраќања на претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, амбасадорот на Австрија во земјава – Мартин Памер, заменик-амбасадорка на Шведска – Елизабет Далберг Фриск,  Андреј Лепавцов – директор во Директорат за Европска Унија во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, и Марија Ристеска – регионална директорка на Мрежата за одговорно буџетирање (GBWN).