Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Попов: Стратегијата Македонија 2030 содржи шест столба со добро таргетирани политики кои се од клучно значење за државата

Пратеникот и  претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот и  претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој во однос на 18-от Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа во саботата во Кавадарци, истакна дека е донесена Стратегијата Македонија 2030 како важен документ за државата кој содржи шест столба со добро таргетирани политики кои одговараат на потребите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

“ВМРО-ДПМНЕ на своите конгреси не избира само претседател туку носи и многу важни документи како за партијата со тоа и за државата, и на овој Конгрес беше донесе таков своевиден документ односно стратегија каде ја гледаме државата во периодот што следи. Тој документ се базира на шест столба, под број еден, државната безбедност и како истата ја замислуваме, економската конкурентност, правната држава, демографија и семејните политики, евроинтеграцијата и шестиот столб е образованието. Овој е многу важен документ како за партијата така и за државата бидејќи ВМРО-ДПМНЕ  во овој период ја предводи Владата на Република Македонија  и мислам дека е многу важно на овој Конгрес кој го имавме во ова време да донесеме еден ваков програмски документ на партијата и на некој начин да ги прилагодиме или приспособиме нашите политики  на новото време во кое живееме“, рече Попов.

Претседателот на УМС Попов, истакна дека првиот стожер на стратегијата не случајно е државната безбедност, затоа што токму тоа е клучно за да постојат функционални институции отпорни на дигитални напади, со јасни протоколи за препознавање на дезинформации и спречување на истите.

Реклама

„Кога зборуваме во нашата стратегија за безбедноста, не зборуваме само за силна Армија во однос на воена опрема, туку зборуваме како да имаме функционални и силни институции кои би биле отпорни пред се на дигитални напади, на сајбер напади и затоа ние во оваа наша стратегија многу зборуваме за национален модел на одбрана од овој тип на напади, формирање на национален центар за координиран одговор во делот на овие напади, создавање на институции кои ќе имаат јасни протоколи во делот на тоа како да се постапува при иден можен ваков напад од дигитален карактер и пред се како да се бориме кога зборуваме за безбедност против дезинформациите.Во оваа стратегија се предвидува дека Македонија до 2030 година треба да стане земја којашто би имале некој национален центар или национален план за да го препознаваме ова ширење на дезинформации и имаме начин ако против истото да се бориме“, вели Попов.