Реклама

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Хаос на струшкото крајбрежје: Плажите десет години работат на диво, општината губи милионски суми

Аларм за безбедноста на храната, пеколот го скратува рокот на храната – АХВ ги засили контролите

Уште една, 5-та жртва од Западен Нил во Македонија, вирусот драматично се шири низ Европа

Гори на повеќе од 15 места, четири пожари се големи

Бура во ССМ – откази, суспензии и обвинувања за мобинг

Николоски: Интензивно се гради патот Прилеп – Битола

„Училишна кошничка“ со попуст до 15 проценти – треба да ги намали трошоците за почетокот на учебната година

Македонија

МОН доделува 50 стипендии за академски студии од втор циклус и 20 стипендии за академски студии од трет циклус во Македонија

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука ги објави конкурсите за доделување стипендии за академски студии од втор и трет циклус во земјава.

МОН информира дека стипендиите се однесуваат на студенти кои се запишани на втор или трет циклус на студии во земјата, на едно од следниве научни подрачја: природно-математичките науки (биологија, физика, геофизика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) или на инженерство и технолошки науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, сообраќај и транспорт, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство, инженерство за заштита на животна средина, инженерство за заштита на работна средина и индустриско инженерство и менаџмент); хуманистички науки; општествени науки.

Сите останати услови можат да се погледнат во конкурсите.

Реклама

Висината на стипендијата за студии од втор циклус во земјата изнесува 9.000 денари и се исплаќа девет месеци во годината, додека стипендијата за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари, се доделува за дванаесет месеци во годината.

Аплицирањето е електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, треба да пополнат електронска пријава и да прикачат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk најдоцна до 20 февруари 2026 година.