Предлог буџетот за 2026-та година во завршна фаза. Дополнетиот документ со 6 прифатени амандмани се најде на пленарна седница пред пратениците. Во експозето на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, таа вели дека тој е економска порака дека догодина не очекува стабилност и развој. Во 2026-та, ќе се штеди, ќе се троши на клучни капитални проекти во висина од 660 милиони евра, ќе следи намалување на сивата економија и зголемување на приходите од даноци и придонеси. Министерката вели дека економијата ќе продолжи да расте со стапка од 3,8%. Охрабрувачки биле резултатите за кумулативниот економски раст од 3,4% во првите 9 месеци од годинава.
Од опозицијата очекувано критики. Според нив, не само што биле скратени капиталните инвестиции, туку имало помалку пари и за разни социјални категории.
Пратениците од власта велат дека во 2026-та, земјава ја очекува силен инвестициски циклус. Ќе се градат автопати и железница по Коридорите 8 и 10д, општините ќе реализираат инфраструктурни проекти, но и компаниите ќе вложуваат во производство преку евтините пари од унгарскиот заем.

Владата со овој буџет се обврзува на фискална консолидација. Буџетскиот дефицит треба да се сведе на прифатливи рамки од 3,5%, а инфлацијата да се намали до нивото од 2,5%. Вкупните расходи ќе изнесуваат 6,73 милијарди евра, а во државната каса ќе с есоберат 6,1 милијарди евра. За 10% ќе има повеќе пари за пензии, за 7% повеќе за плати и за 6,7 отсто за социјална заштита. Државата планира д аиздаде еврообврзница од 950 милиони евра и да се задолжи на домашниот пазар со 570 милиони евра. И покрај тоа што догодина треба да се врати еврообврзницата од 2020-та во висина од 700 милиони евра, јавниот долг тревба да изнесува околу 60% од БДП. На крајот на септември јавниот долг бил 57,6% од БДП. Расправата во собранието може да трае најмногу 5 дена.
