Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Фетаи: На Меѓународниот ден против корупцијата не одбележуваме само симболичен ден, туку глобален повик за решителна акција

На Меѓународниот ден против корупцијата, на 9 декември, не одбележуваме само симболичен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На Меѓународниот ден против корупцијата, на 9 декември, не одбележуваме само симболичен ден, туку глобален повик за решителна акција против корупцијата која го попречува развојот и владеењето на правото во нашиот регион, стои во соопштението од Кабинетот на Заменик-претседателот на Владата за добро владеење Арбен Фетаи, во врска со одбележувањето на Меѓународниот ден против корупцијата.

Како Влада на Македонија, ја третираме борбата против корупцијата како трајна државна политика, заснована на мерливи резултати, а не на празни ветувања. Нашите граѓани заслужуваат транспарентни институции, враќање на украденото богатство и дигитални системи кои го прават коруптивното однесување невозможно.

За да се одбележи овој ден и да се унапреди регионалната соработка, утре, на 10 декември 2025 година, во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје ќе се одржи Регионалниот форум „Од политика до влијание: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи на Западен Балкан“. Форумот, организиран од Владата на Македонија во партнерство со Шведска, Швајцарија, Европската Унија и УНОПС, ќе ги собере министрите за правда, раководители на антикорупциски институции, претставници на граѓанското општество, медиумите и меѓународните организации од целиот Западен Балкан.

Реклама

Форумот се очекува да донесе нови заложби, продлабочена координација меѓу земјите од регионот и напредни пристапи во борбата против корупцијата, вклучително и користење на технологија и вештачка интелигенција.

Целосните детали ќе бидат објавени во официјалната комуникација за време на одржувањето на Форумот.