Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Кузеска: Го следиме трагот на парите – Томовски донира во ВМРО-ДПМНЕ

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скандалот со семејната фирма на Томовски која го чисти буџетот, или во бројки 5,3 милиони евра и 161 тендер е шаблон кој денеска го разоткриваме целосно. Зошто Томовски овие денови толку многу се труди да покаже дека нема никаква поврзаност со семејната фирма? Иако Витомир е негов татко, Кутановски негов роднина, внукот, зетот се негови, дури и неговиот број е пријавен како контакт во семејната фирма.  Затоа е нервозата? Затоа што се фатени живи!, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес-конференција.

Како и во секоја антикорупциска борба, најважно е да се следат парите.

АКТ на СДСМ го следеше трагот на парите и еве го одговорот:

Реклама

Томовски е донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Еден од оние кои најмногу сакаат да се истакнат со големи суми. Само во 2021 година донирал 8.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ.

499.700 денари, 100.000 денари, 70.000 денари, 100.000 денари, редовно Томовски уплаќа на сметката на ВМРО-ДПМНЕ.

И не само Томовски. И неговиот зет, Кутановски е донарот на ВМРО-ДПМНЕ исто така.

Семејна фирма, семејни донации.      

Се е јасно. Вака парите завршуваат во белата палата.

ДКСК и Јавното обвинителство да не молчат туку да покренат истрага за конфликт на интерес и за корупција во врвот на владата на Мицкоски.

Крадењето на народот мора да престане, сите криминалци да одговараат.

АКТ на СДСМ продолжува да ги открива криминалите на власта на Мицкоски.

Работата не е завршена.