Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Економија

Мицкоски: Растот на БДП во третиот квартал е показател дека заврши периодот на консолидирање по катаклизмата што ја остави претходната влада

Растот на БДП од 3,8 во третиот квартал од годинава, според премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Растот на БДП од 3,8 во третиот квартал од годинава, според премиерот Христијан Мицкоски, е показател дека периодот на консолидирање завршил и дека економијата оди добро. Во изјава за медиумите дадена пред почетокот на денешниот партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека со тоа паѓаат во вода сите лаги на опозицијата пласирани во изминатиот период. 

– Контиунирано зборуваме дека почнуваат да излегуваат на површина првите индикатори за стабилизирање и консолидирање после катаклизамата што ја остави преходната влада, би рекол, најкриминалната влада во поновата историја на Македонија, влада којашто се занимаваше со плантажи за марихуана, со наместени тендери, со политички милионери, со сите оние скандали кои што ја следеа, со дупка во буџетот поголема од 200 милиони евра и.т.н. Периодот на консолидирање завршува и ова се првите индикатори дека на економијата и оди добро, оцени Мицкоски. 

Индикаторот за раст на БДП, вели Мицкоски, е големо постигнување и е охрабрувачки.

Реклама

– 3,8 реален раст во третиот квартал 2025 година надополнет со историски високи 10,2 проценти номинален на БДП е навистина показател и податок кој, во услови на ваков пазар во рамки на Европската унија, за нас претставува големо постигнување. Прва во Европа е Ирска, според податоците на Евростат, втора е Данска со 3,9, ние го делиме третото место со Кипар. Соседна Србија е некаде околу 2 проценти, во Грција се очекува 1,7 проценти, Турција е некаде 3,7 проценти, посочи Мицкоски. 

Следната година на економски план, според Мицкоски, ќе биде предизвикувачка бидејќи треба да се вратат долгови во висина од над 2,2 милијарди евра.