Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Заменик-министерот Димитровски ги прими копиите од акредитивните писма на амбасадорите на Молдавија, Република Индонезија и Социјалистичка Република Виетнам

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска ги примил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски денеска ги примил копиите на акредитивните писма од тројца новоименувани амбасадори во нашата држава – Н.Е. Емил Јакота, вонреден и ополномоштен амбасадор на Молдавија; Н.Е. Листиана Оперананта, вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Индонезија и Н.Е. Нуен Ти Минт Нует, вонреден и ополномоштен амбасадор на Социјалистичка Република Виетнам, сите нерезидентни и со седиште во Софија.

Како што информираат од МНРНТ, на средбите со тројцата амбасадори, Димитровски им посакал успешна дипломатска мисија, со уверување дека тие ќе дадат значаен придонес во натамошното продлабочување на пријателските односи меѓу Македонија и нивните држави.

Во таа насока, било разговарано за модалитетите за унапредување на билатералните односи, со посебен акцент на зголемувањето на трговската размена и зајакнувањето на економската соработка меѓу земјите.

Реклама

Покрај прашањата од доменот на билатералните односи, како што се наведува во соопштението, било искажано обострано задоволство од мултилатералната соработка и беа разменети мислења за актуелни меѓународни и регионални прашања од заеднички интерес.