Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Компаниите од Доброшане наскоро ќе може да склучат договор за приклучок на гасификациската мрежа

Компаниите во Индустриската зона Доброшане добиваат реална можност за приклучување на природен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Компаниите во Индустриската зона Доброшане добиваат реална можност за приклучување на природен гас, откако дистрибутивната мрежа долж трасата кон зоната е целосно изградена, технички испитана и подготвена за употреба, соопшти денеска директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Марко Митровски. Тој наведе дека се извршени сите неопходни тестирања и верификации, а обезбедени се и потребните дозволи за функционирање на системот.

– Во овој момент, мрежата формално е во сопственост на Општина Куманово, која ја реализираше инвестицијата со поддршка на Владата. Во наредниот период, Советот на Општината треба да донесе одлука за пренос на управувањето и одржувањето на системот во надлежност на јавното претпријатие, што е предуслов за целосна комерцијална експлоатација и нови приклучоци, изјави Митровски.

Интерес за приклучување од компаниите има, но нивните одлуки ќе зависат од пресметката на трошоците и долгорочната исплатливост. Според Митровски, во зоната има над 50 фирми, од кои со дел веќе се водени разговори. Тие се во фаза на изработка на проектна документација и финални калкулации.

Реклама

– Клучно беше барањето на компаниите кои сакаа да се приклучат на мрежата. Ги чекаме нивните проектни документации. И граѓаните кои видоа дека почна изградбата се заинтересирани за приклучување, вели Митровски.

До 2022 година цената на гасот изнесуваше 30 денари, денес цените се стабилизираат околу 60 до 65 денари за метар кубен. Природниот гас и понатаму останува поевтин од нафтата и поисплатлив на подолг рок.

Во моментов од јавните установи од Куманово, најголем потрошувач е општата болница, која троши речиси една третина од вкупните месечни количини гас во зимскиот период. Кај приватниот сектор, пак, сè уште нема големи индустриски потрошувачи, приклучени се, главно, мали субјекти како ординации и лаборатории.

– Токму изградбата на дистрибутивната мрежа овозможува во кое било време во наредните години секој што ќе изрази интерес да може да се приклучи и да стане наш корисник, потенцира Митровски.

Од институциите, последни се приклучија СВР Куманово и Основниот суд, а до крајот на годинава се очекува да се приклучат и други објекти, Центарот за вработување, Центарот за социјални работи, основното „Толи Зорудимс“, музичкото  училиште „Панче Пешев“ и дисперзираниот објект од основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.