Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Економија

Нова потенцијална инвестиција на германската компанија Heidelberger Postpress во рамките на ТИРЗ

Директорот на индустриските зони, Гоце Димовски, се сретна со Матиас Лау-Бенштајн, директор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на индустриските зони, Гоце Димовски, се сретна со Матиас Лау-Бенштајн, директор на германската технолошка компанија „Хајделберг Пост-Прес“, која е светски лидер со 175 години традиција во машинското инженерство и индустриските иновации. На средбата биле презентирани можностите што ги нуди Македонија преку Технолошко-индустриските развојни зони, а како најперспективни локации биле разгледани ТИРЗ Скопје и ТИРЗ Штип за потенцијално отворање нов производствен погон на германскиот инвеститор.

Директорот на германската компанија, Лау-Бенштајн, посочил дека пристапот до квалфикувана работна сила, како и транспарентната институционална поддршка, се клучни фактори во нивната анализа за избор на нова локација. Германската компанија „Хајделберг Пост-Прес“, која обезбедува напредни решенија во пакувањето, дигиталното печатење, автоматизацијата и зелените технологии, во моментов е во процес на проширување и разгледува нови пазари.