Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Димитриеска Кочоска: Одговорно тврдам дека буџетот е ликвиден

Буџетот е ликвиден, а сите задолжувања што се прават се согласно планираниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Буџетот е ликвиден, а сите задолжувања што се прават се согласно планираниот календар. Министерката за финансии испрати порака дека народната каса е во добра кондиција и повика, доколку е потребно, и државните ревизори да направат увид во состојбите. Ваквата порака Гордана Димитриевска Кочоска ја испрати по средбата со нејзиниот словачки колега, кој на отворена сцена ги пофали перформансите на македонската економија, за која вели дека ѝ завидува бидејќи испорачува солидни стапки на економски раст, за разлика од неговата држава, каде резултатите се многу поскромни. Двајцата министри се согласија за засилена соработка, при што Македонија ќе користи искуства од оваа земја членка на ЕУ, пред сè во делот на даночното затајување. Идејата е Македонија, со словачко искуство, да го имплементира системот на издавање електронски фактури за даночните обврзници.