Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани – ново разочарување за семејствата

За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За жал пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за формирање на Aнкетната комисиња за трагедијата во Кочани, којашто ја поднесе пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз заедно со пратеничката група на левица и беше поддржана од европскиот фронт, стои во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Оливер Спасовски.

СДСМ и колегите од опозицијата направија се што можеше и пратениците коишто ја поддржаа оваа иницијатива, но владеачкото мнозинство не покажа ниту емпатија, ниту разбирање, ниту елементарно чувство за барањата на семејствата, на загинатите во оваа трагедија и на сите коишто се повредени.

Очигледно ова е партиска директива. Затоа што повторно се врати времето во кое што имаме протест и контрапротест, пленум и контрапленум.

Реклама

Денеска имаме анкетна комисија, предлог против анкетна комисија и се покажа дека партиската директива укажува на тоа дека само тоа што е поднесено од парламентарното мнозинство може да биде вредно, а без притоа да се изедначат секоја иницијатива на овсените претставници и предлагачи.

Ова претставува уште едно понижување, разочарување на семејствата коишто изгубија најмногу и коишто не можат ништо да надоместат со било каква дебата и од било кого.

Родителите и семејствата чекаат барем трошка надеж, барем трошка вистина, барем малку човечност и барем еден знак дека институциите се на нивна страна.

Ова е срам за оваа институција, парламент за законодавна власт којашто треба да биде за сите граѓани и треба да работи за сите граѓани. Денеска пропуштивме една огромна шанса во којашто треба да покажеме единство и солидарност.

СДСМ тоа го покажа при гласањето. За разлика од нас, ВМРО-ДПМНЕ, парламентарното мнозинство покажаа партиски интерес и партиска послушност и сето тоа укажува дека се се прави заради одредени партиски поени.

Но сето ова е факт дека досегашните нашите наши тврдења дека актуелната власт се плаши од вистината за за Кочани се покажа и на дело. Меѓутоа СДСМ, а верувам и колегите од опозицијата ќе продолжат и понатаму да се борат за правдата, да се борат за вистината, да се бориме за сите граѓани коишто се засегнати во овој случај.