Реклама

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Македонија

Филипче: Буџетот не е социјален, ниту развоен, не ги поддржува ранливите групи и нема капацитет да издржи криза

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во интервјуто во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, посочи дека централниот буџет, така како што е конструиран, не е социјален, нема развојна компонента и нема капацитет континуирано да го сервисира продлабочениот дефицит во Фондот за пензиско осигурување, се наведува во соопштението од СДСМ.

Тоа, како што кажа Филипче, ја става во ризик исплатата на пензиите.

-Се поставува прашањето, вака конструиран буџет којшто не е ниту социјален, ниту ги задоволува потребите на загрозените категории на граѓани, ниту пак може да пресретне криза, ниту е развоен, затоа што има многу мала сума на пари за капитални инвестиции, што ќе се случи ако има некаква криза и тие пари не можат да стигнат до пензионерите? Нема да има исплата на пензии. Тоа ќе се случи и тоа е тоа на што ние предупредуваме, рече Филипче.

Реклама

Тој додаде дека владата на ВМРО-ДПМНЕ со линеарното зголемување на пензиите направи упад во Фондот за ПИОМ-буџетската дупка се зголеми, а пензионерите добија помало покачување од тоа што требаше да го добијат со методологијата.

-Ова зголемување на пензиите е помало од тоа што требаше да биде ако ја задржеа методологијата за раст на пензиите, која што беше врзана со инфлацијата, со растот на трошоците за живот и со растот на просечната плата. Значи сега пензионерите наместо 1.000 денари ќе добиеја помеѓу 1.200-1.300 и 3.200-3.300 денари зголемување, рече Филипче.

Во интервјуто Филипче потсети дека владата на СДСМ во 2017 година го затекна Фондот за ПИОМ со дефицит од 50%, за во 2024 година, пред изборите, таа дупка да се намали на 30%.

-Сега се зголеми повторно дефицитот. Дупката во Фондот за ПИОМ од 30%, до која што ја донесовме после напорна работа со Светска банка и со имплементација на методологија, со линеарното зголемување повторно достигна 50%. И сега, во буџетот за 2026 година, една милијарда евра односно 50% од вкупната маса за пари која што ќе треба да биде тука за да се исплатат пензиите треба да ја даде Буџетот на државата, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.